Прво германско европско финале по пауза од 11 години, клубот кој никогаш не бил првак сега е фаворит

Европската ракометна титула ќе остане во Германија, но прашање е дали таа ќе заврши во витрините на Фуксе Берлин или на Магдебург. Во “Ланксес Арената“ во Келн, бундеслигашите со почеток од 18 часот ќе го започнат финалето.

Магдебург многу добро знае како е да се биде на врвот на Европа бидејќи три пати бил континентален владетел, но само еднаш откако завршницата е во Келн. За разлика од нив, Фуксе Берлин ќе атакува на првата европска круна.

Традицијата вели дека може да се очекува неизвесно финале. Во последните осум меѓусебни дуели, двата тима имаат по три победи, а два меча завршиле нерешено. Едноставно кога се работи за финале, на крајот може да решава и една топка.

Како предигра на финалето, во борба за третото место ќе играат Барселона и Нант.

 

- Оглас -

Најнови вести