3002 Јувентус – Интер (18.00 часот)
Големото италијанско дерби доаѓа уште во третото коло на Серија, а во него Јуве влегува со три бода повеќе од Интер. Јувентус во првите две кола победуваше без примен гол, но ова ќе им биде многу посериозен тест за можностите. Интер во првите две кола играше дома, имаше и еден голем кикс, ова му прво гостување. Кај Старата дама има неколку повредени како Консеисао, Милик, Перин, нема да игра ни засилувањето Жегрова ни суспендираниот Камбијазо. Минатата сезона Интер не успеа да го победи Јувентус, а последната победа на Интер во Торино беше во април 2022.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.82)
1007 Вест Хем – Тотенхем (18.30 часот)
Ова е една од двете денешни лондонски пресметки во Премиер лигата. Пред репрезентативната пауза, Вест Хем победи, а Тотенхем загуби на последниот меч. Чеканите заедно со Вулверхемптон се екипи со најмногу примени голови, 8 во три кола. Вест Хем е тим кој ретко игра нерешено, последното реми им беше на почетокот на мај и тоа токму против Петлите. Тотенхем од 2019 година не знае за гостинска победа против Вест Хем.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)
1807 Баерн – Хамбургер (18.30)
Баерн тргна фуриозно во одбрана на титулата, во првите две кола постигна дури 9 голови. Од друга страна, повратникот во Бундеслигата уште нема дадено гол, а има еден бод. На листата на повредени кај Баварците се Мусијала и Дејвис, но и без нив Баерн има моќен состав и важи за голем фаворит против кого и да игра во Германија. ХСВ загуби 0-6 на последното гостување на „Алијанц арената“ во 2018 година. Хамбургер 18 години не добил лигашки меч во Минхен.
Предлог тип: 1 & 3-5 (1.79)
3003 Фиорентина – Наполи (20.45 часот)
Наполи во овој меч влегува со 6, а Виолетовите со само два бода. Наполитанците победуваа во првите две кола и притоа не примија гол. Заедничко за двата тима е што на досегашните средби играа мечеви со 0-2 гола. Наполи не може да смета на Лукаку кој е повреден, но може да дебитираат напаѓачот Хојлунд и нашиот Елмас. Во минатата сезона, Наполи двапати ја победуваше Фиорентина во мечеви со 3+ голови. Наполи не загубил во Фиренца уште од 2018, а Фиорентина дома нема пораз уште од февруари.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.98)
1305 Атлетико М. – Вилјареал (21.00 часот)
После три одиграни кола, Вилјареал има одлични 7, а Атлетико само два бода. Јорганџиите се фаворити и ја бараат првата победа сезонава дури во четвртата рунда, но и Жолтата подморница е ефикасен и знае да биде мошне опасен тим ако има почувствува слабост кај ривалот. Алекс Баена кој летово од Вилјареал се пресели во Атлетико, е повреден и нема да игра против својот довчерашен тим. Во минатата сезона нивните меѓусебни дуели завршуваа нерешено со резултати 1-1- и 2-2. Послената победа на Вилјареал во Мадрид датира од пред три години.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.13)