Бразилецот Каземиро вечерва го доби својот прв црвен картон во кариерата на меч од Лигата на шампионите. Иако е познат како цврст играч кој често прави фаули и добива картони, зачудувачки е како досега се пазел од исклучување.
Каземиро за Реал Мадрид одигра 73, а за Порто осум меча во ЛШ, но ниту еднаш не доби црвен картон играјќи за тие два клуба. Во дресот на Манчестер јунајтед, уште на вториот настап доби црвен картон и му одмогна на својот тим во битката против Галатасарај.
Што се однесува до рекордите, вечерва се истакнаа Баерн Минхен и Реал Мадрид. Баварците имаат рекордни серии од 15 победи по ред во дуели од групна фаза, 36 меча по ред без пораз во групна фаза и седум победи по ред на гостински терен во средби од групна фаза.
Кралскиот клуб од Мадрид е прв во историјата на европските купови кој победил на осум гостувања по ред против италијански клубови, Реал ги надмина Барселона и Баерн како клубови против кои ривалите имале најмногу автоголови, а Реал е и клуб против кого се шутнати најмногу пенали во ЛШ (33).