0.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Прво коло на Отвореното првенство на САД, а Ѓоковиќ веќе постави еден неверојатен рекорд

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа од 3:0 стартуваше на гранслем-турнирот во Њујорк. Србинот кој атакува на рекордната 25-та титула на најголемите тениски турнири го победи домашниот тинејџер Лирнер Тиен.

Оваа победа на Ѓоковиќ беше доволна за да биде поставен еден неверојатен рекорд. Србинот стана првиот играч во отворената тениска ера што победува во првото коло на 75 гранслем-турнири во низа.

Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде Закари Свајда. Се работи за 22-годишен Американец кој во првото коло го совлада Унгарецот Жомбор Пирош со 3:0 во сетови (6:4, 6:2, 7:5). Свајда моментално е на 143-тото место на АТП-листата, а најдобар резултат на гранслем-турнирите му е токму пласман во второ коло.

 

- Оглас -

Најнови вести