Кајзериспор му го прослави роденденот на Хасан Хусеин Аџар и веднаш потоа и му соопшти дека повеќе не е член на тимот.
Играчот за врска доби отказ по две години минати во клубот и сега ќе мора да бара нова средина.
Член на Кајзериспор е потенцијалниот репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски, а потегот на раководството на клубот наиде на критики на социјалните мрежи.
„Ваков потег не му личи на клубот. Можеа да почекаат некој ден“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
Дел од навивачите и се шегуваат со чудниот потег на Кајзериспор, па велат дека можело да биде и полошо, прво Аџар да добиел отказ, а потоа клубот да му го честита роденденот.