Прво не го сакаше во тимот, сега спасот го бара во Елмас

На Џенаро Гатузо не му тргна како што посакуваше на клупата на Наполи. Во првиот меч како тренер, Гатузо на свој терен загуби од Парма со 1:2. Во составот на Наполи на таа средба го немаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој остана на клупата за резерви.

Најавите од Италија тогаш беа дека Гатузо се откажал од Елмас и дека може дури и да го прати на позајмица во јануарскиот преоден рок. Сепак, по поразот од Парма, работите се менуваат. На гостувањето кај Сасуоло се очекува Елмас да биде стартер, но би играл како крило, а не во централниот дел од теренот. И оваа позиција не е непозната за Елмас бидејќи во репрезентативниот дрес на Македонија има играно по страничните делови од теренот.

На последните три гостувања кај Сасуоло, Наполи играл нерешено (двапати 1:1 и еднаш 2:2), но тимот од југот на Италија нема пораз од овој ривал во последните осум меѓусебни дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести