Прво „не“ за Тен Хаг и Црвените ѓаволи

Ерик тен Хаг се обидува да воведе промени и во стручниот штаб во Манчестер јунајтед, не само во составот. Сепак, холандскиот стратег го доби првиот негативен одговор откако седна на жешкото столче на „Олд трафорд“.

Неговата намера беше да го врати клупскиот миленик Робин ван Перси за да му биде десна рака покрај аутлинијата, но популарниот летечки Холанѓанин одбил да се врати на Островот поради неговото семејство.

Ван Перси моментално работи како тренер на младионскиот тим на Феенорд, каде што игра и неговиот син Шекил. Примарна цел му е да остане во татковината бидејќи многупати се селеше додека беше активен на терените, а сега конечно најде стабилност.

Инаку Ван Перси имаше успешна авантура на „Театарот од соништата“, освојувајќи ја Премиер лигата во својата прва сезона по трансферот од Арсенал во сезоната 2012/13.

- Оглас -

Најнови вести