„Прво па машко“: Одлично одиграно прво коло и заслужен ваучер од Sport Life

Првото коло од шестата сезона на Спортска прогноза покажа дека има одлични познавачи на фудбалот во најсилните лиги во Европа. Од понудените 13 парови, најусепешен беше Филип М. кој погоди 11 прогнози и заслужено ќе си добие вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life. Тројца прогнозери беа на чекор од 11-ка за да добијат ваучер, но тие погодија по 10 натпревари.

Малку фалеше Филип да стигне и до Среќна 13-ка, затоа што нареди 10 погодени мечеви во низа, а на крајот остана без шансата да стигне до главната премија. Прогнозерот кој ќе успее да ги погоди сите 13 понудени мечеви, одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5.

Англиското дерби меѓу Њукасл и Ливерпул беше првиот кикс, затоа што прогнозерот чекаше победа на домаќините, а гостите победија со 2:1. Њукасл водеше на полувреме со 1:0, Ливерпул имаше црвен картон, но гостите и со фудбалер помалку направија пресврт и на крајот се радуваа.

Вториот кикс му беше дуелот меѓу Валенсија и Осасуна, каде истотака се чекаше „кец“, а гостите победија со 2:1. Филип ги погоди и двата резервни дуели кои влегуваат во Генералниот пласман, па заслужено е лидер и во оваа конкуренција.

Новото, второ коло на Спортска прогноза стартува утре кога ќе бидат познати и двојките кои ќе бидат предизвик да се погодат. Првото коло покажа дека без никааква инвестиција, може да има добра забава, но и да се добие убав подарок.

- Оглас -

Најнови вести