Прво па женско: Павлина прв пат играше Типстер куп и им оддржа лекции на сите останати

Павлина Ристеска од Ѓорче Петров е победничка во Типстер купот во септември, првиот месец од новата сезона. Ристеска имаше 10 погодени тикети во минатиот месец, исто колку што имаше и Трајче, но во вкупниот збир на погоден коефициент, Павлина беше подобра и заработи 100.000 денари и статуетка од Sport Life.

Ристеска има вкупен погоден коефициент од 319.34, додека Трајче И. е со вкупен погоден коефициент од 153.24. Трајче И. како второпласиран си заработи 30.000 денари, додека Димитар М. кој имаше девет погодени тикети во септември е трет и заработи 20.000 денари.

Интересно е дека Павлина прв пат решила да ја искористи Sport Life клуб картичката со цел да биде дел од најпопуларната обложувачка акција која трае со години, Типстер купот. Во првиот месец не само што одиграла, туку Ристеска на крајот беше и најдобра во Генерален пласман и со тоа си заработи 100.000 денари.

ФАМИЛИЈАРНА ЗАБАВА ЗАЧИНЕТА СО ОДЛИЧНА ЗАРАБОТКА

„Мојот сопруг е голем вљубеник на фудбалот и постојано следи натпревари, а за да биде поинтересно игра и во обложувалница. Се случуваше од мене на среќа да му кажам некој меч, во игрите на голови. Најчесто тоа е да биде 3+, па така и јас се „заразив“ со ставање тикети и ова стана како фамилијарна забава. Често пати ставам ливчиња и на среќа, а секогаш гледам да биде над 1.50 коефициент за да може да биде во трка за Типстер купот. Пред да гоодберам мечот гледам во каква форма се екипите дали постигнуваат погодоци или не“, открива победничката Павлина.

SPORT LIFE НУДИ ИГРИ ПРЕКУ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОСВОЈАТ ОДЛИЧНИ ПАРИЧНИ СУМИ, НО ЧЕСТО СЕ КАКО ПОДАРОЦИ ИМА И АВТОМОБИЛИ ИЛИ СТАН 

Барселона и Јувентус се екипите за кои може да каже дека се омилени на Ристеска и често знаат да се најдат на нејзините ливчиња.

„Сум била во Барселона и во живо имав можност да ја почувствувам магијата која се создава во градот кога се работи за фудбалскиот клуб. Едноставно целиот град како да живее за фудбалот. На Камп Ноу е фантастично и затоа Барселона ми е еден од омилените клубови кои сакам да ги одиграм во обложувалница. Сакам да одиграм на голови и кога игра Јувентус или на некој друг познат клуб“, вели Ристеска, која објаснува зошто ја одбрала Sport Life како обложувалница во која сака да уплаќа.

„ Во Sport Life има многу интересни игри, со примамливи награди. Често како подароци се даваат автомобили, станови, а и месечните парични награди се примамливи. Јас со мојот случај докажав дека треба да пробаш да одиграш ако сакаш да добиеш. Секако тоа треба да биде играње со мерка и паметно да се одигра“, заврши Павлика Ристеска која е првата месечна победничка во новата сезона на Типстер Купот на Sport Life.

Во тек е октомвриската етапа на Типстер купот и тие што воопшто досега не играле, може уште од денеска да се вклучат во оваа популарна игра. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести