Новак Ѓоковиќ е во карантин во хотелот „Парк ројал“ во Мелбурн и до понеделник ќе чека одлука на судот дали ќе остане во Австралија или ќе биде депортиран, а за тоа време, Срби од Мелбурн го забавуваат со играње оро во паркчето пред хотелот.
Најдобриот тенисер на светот им отпоздравува и им испраќа бакнежи нив, а и на сите кои му даваат поддршка во овие тешки моменти.
Инаку, на официјалниот интернет сајт на Ѓоковиќ во делот за следни активности, избришан е Австралијан опен. Дали ова значи дека Новак нема да игра на својот омилен турнир, дури и ако в понеделник добие дозвола да настапи?
https://twitter.com/i/status/1478997253520039936