Кристијан Ериксен кој колабираше на терен и за малку ќе починеше за време на мечот Данска – Финска во првото коло на ЕП, а потоа беше и опериран и му беше вграден дефибрилатор во срцето, се чувствува добро, а се појави и негова прва фотографија во јавноста. Ериксен е на домашно лекување, се сликаше во близина на море, и изгледа добро.
Данските репрезентативци направија успех и дојдоа до полуфиналето на ЕП, резултати кои го радуваат и Ериксен кој требаше да биде со нив на терен.
На Ериксен не му е лесно што можеби нема да може веќе професионално да игра фудбал, но тоа и не е најважно во моментов.