Прво полувреме во ЛШ: Роналдо знае да погоди во финиш, Дибала ја прослави 105-тата како големата клупска легенда (Видео+Фото)

Аталанта и Манчестер јунајтед повторно играат интересен меч, овојпат во Бергамо, а резултатот по првото полувреме е 1:1.

Пред две седмици, на „Олд Трафорд“ беше исклучително возбудливо и по предноста на италијанскиот тим од 0:2, Јунајтед направи пресврт во второто полувреме и победи со 3:2.

И сега Аталанта поведе откако Јосип Иличиќ ја искористи конфузијата во одбраната на Црвените ѓаволи и погоди во 12-тата минута за 1:0.

Израмни Кристијано Роналдо со гол во финишот на првото полувреме, по прекрасна акција на гостите. Португалецот со гол во финишот на првиот меч му донесе победа на Манчестер од 3:2.

https://twitter.com/ElBichu7/status/1455637722484334598?s=20

Интересен гол за Јувентус постигна Пауло Дибала во 11-тата минута на дуелот со Зенит во Торино и успеа да престигне една голема легенда на клубот и на светскиот фудбал.

https://twitter.com/juve_canal/status/1455629023594393606?s=20

 

Тоа му е 105 гол за Јувентус, со што го мина Мишел Платини, а потоа славеше во негов стил.

Потоа Леонардо Бонучи си постигна чуден автогол и на полувреме резултатот е 1:1, исто како и во Бергамо.

Баерн води против Бенфика со 2:1, Динамо Киев и Барселона не успеаја да постигнат ниту еден погодок, Севилја против Лил е 1:1, а Вилјареал води против Јанг бојс со 1:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести