36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Прво засилување за Тотенхем во ерата на Мурињо

Тотенхем постигна договор со Бенфика околу услугите на младиот играч за врска Гедсон Фернандес. Португалецот деновиве треба да пристине во Лондон на медицински прегледи и во наредните 18 месеци ќе игра како позајмен играч, а летото 2021 година Бенфика ќе инкасира до 60 милиони евра.

Ова е прво засилување на европскиот вицепрвак во ерата на Жозе Мурињо, а се чини дека стратегот го убедил првиот човек Даниел Леви да ја празни касата за неговиот сонародник. Сосема интересно е тоа што Фернандес доаѓа од редовите на најголемиот ривал на Порто, поранешниот тим на Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести