Прволигашкото коло се отвора на “Чаир“, дербито на колото во Втората лига се игра во Гевгелија (Фото)

Седмото прволигашко коло денес се отвора на стадионот “Чаир“ во Скопје со дерби пресметката помеѓу Шкупи и АП Брера. Двете екипи се при самиот врв на табелата, струмичани на делба на првата позиција, додека Шкупи на четвртата позиција со четири поени помалку од денешниот противник.

Екипата на АП Брера нема победа против Шкупи на последните 14 првенствени натпреври, односно од 26-ти август 2018-тата година кога во Струмица победија со 2-1, односно на деветте првенствени гостувања на “Чаир“, струмичани немаат ниту една победа, а одиграле само трипати нерешено.

Ако се земат во предвид и куп натпреварите, тогаш АП Брера нема победа на последните осум пресметки против Шкупи. Токму затоа чаирчани денес се големи фаворити со квота од 1.66. Ремито во Скопје носи квота од 3.35, додека победата на АП Брера 4.70.

Денес ќе се одигра и комплетното петто коло во второлигашката конкуренција. Дербито ќе се игра во Гевгелија, каде ќе се сретнат непоразениот Кожуф и фаворитот за промоција во првата лига за следната сезона, битолски Пелистер.

Двојки – денес 15 часот:

Осогово – Охрид
Беласица – Победа
Новаци – Башкими
Саса – Тетекс
Детонит П. – Беса
Кожуф – Пелистер
Караорман – Арсими
Вардар Н. – Скопје

- Оглас -

Најнови вести