Првотимец на Арсенал бесплатно ќе се пресели во Барселона?!

Фудбалерот на Арсенал, Томас Парти, на крајот од месецов е слободен играч откако ќе му истече договорот со Топчиите. Репрезентативецот на Гана пред пред години пристигна во Лондон од Атлетико Мадрид за сума од 50 милиони евра, но сега ќе си замине бесплатно.

Според медиумите на Островот, тој ќе се врати во Ла Лига, но сега во дресот на Барселона, откако Ханси Флик изразил желба за негов ангажман. Триесет и едногодишниот Парти настапува во средината од теренот, а најдобро му лежи позицијата „коректор“ на средниот ред, нешто му е потребно на германскиот стратег на клупата на Каталонците.

Парти оваа сезона во дресот на Арсенал одигра 52 натпревари со ефект од четири гола и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести