Првото „бегство“ од Саудиска Арабија: Хендерсон најде нов клуб каде платата ќе му биде 26 пати помала!

Во 2023 година се случи фудбалски бум во Саудиска Арабија, откако многу познати и докажани играчи решија да заминат во оваа земја и тоа најмногу привлечени од големите плати кои ги договорија. Еден од оние кои замминаа во Саудиска Арабија беше и капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Поминаа неколку месеци, а Хендерсон сфати дека не е се во парите. Тој едноставно не се вклопи во таа средина и јавно побара да си замине. Според најавите, Хендерсон веќе има пронајдено нов клуб, а тоа е италијанскиот гигант Јувентус.

Хендерсон едноставно реши да се откаже од 40 милиони евра кои ги имаше договорено по сезона во Ал-Етифак, па сега се очекува да се пресели во Торино и да го облече дресот на Старата дама и тоа за сума од само 1,5 милиони евра по сезона. Тоа е 26 пати помала плата од таа што ја имаше со договорот во Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести