Првото големо дерби по завршувањето на СП ќе се игра во Англија, и тоа меѓу двата тима кои доминираат во последните години

1114 Манчестер сити – Ливерпул (21 часот)

По завршувањето на Светското првенство, вечерва се игра првото големо дерби, и тоа во англискиот лига куп, каде што се среќаваат двете најдобри екипи на Островот во последните неколку години, Манчестер сити и Ливерпул.

Ждрепката беше немилосрдна и ги спои Сити и Ливерпул уште во осминафиналето на Лига купот, а фаворитската улога ја имаат Граѓаните. Тие во претходната рунда го елиминираа Челзи победувајќи со 2:0, додека резервистите на Ливерпул едвај излегоа на крај со Дерби каунти.

Во меѓусебните натпревари, традицијата е на Манчестер сити кога игра на домашен терен. Последниот пораз во Премиер лигата од Ливерпул, Граѓаните го доживеаја во 2015 година, а главен адут на Пеп Гвардиола ќе биде Ерлинг Халанд, кој одморен од неиграњето на СП сигурно ќе биде најголема закана за голот на Црвените.

Згора на тоа, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има големи проблеми поради повредите на Диого Жота и на Луис Дијаз, кои се наметнаа како стандардни првотимци сезонава.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.55)

 

1381 Арентеиро – Атлетико Мадрид (21 часот)

Атлетико Мадрид е апсолутен фаворит во дуелот со нисколигашот Арентиро во шпанскиот куп. Иако Диего Симеоне, нема да може да смета на аргентинските и француските репрезентативци за овој дуел кои имаат заслужен одмор бидејќи играа во финалето на СП, има доволно квалитетни играчи за да излезе на крај за Арентеиро.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (1.79)

 

1561 Кардиф – Њутаун (20.45 часот)

Во дербито на 19-тото коло во Премиер лигата на Велс играат третиот и петиот тим на табелата кои се наоѓаат во одлична форма. Кардиф во последните четири натпревари има три победи и едно реми, додека Њутаун се наоѓа во серија од шест триумфи по ред, од кои пет се во Премиер лигата.

Во последните години секогаш кога Кардиф е домаќин, головите се задолжителни и нема причина да веруваме дека нема да продолжи традицијата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

6728 Реџина – Интер (18 часот)

Интер, кој првиот натпревар по паузата во Серија А ќе го игра на 4 јануари идната година против лидерот Наполи, вечерва е голем фаворит во пријателскиот дуел со второлигашот Реџина.

Тренерот Симоне Инзаги не може да смета да неколку фудбалери кои играа на Светското првенство во Катар, но неговиот тим на трите пријателски средби постигна 11 гола, што е гаранција дека головите нема да изостанат и вечерва.

Предлог тип: 1+ & 2+ II (2.05)

 

8505 Басконија – Виртус (20.30 часот)

Басконија е третата најефикасна екипа во Евролигата, има најдобар скор на домашен терен и вечерва е голем фаворит во дуелот со Виртус Болоња, кој во седумте меча на гости оствари само две победи.

Згора на тоа, шпанскиот тим победи на последните четири меча, на двата дуела што ги играше на домашен терен против Милано и Баерн славеше со 15 и 16 поени разлика, а на гости ги победи Анадолу Ефес и Фенербахче. Виртус со двете победи над Алба и Макаби го поправи впечатокот, но нема што да бара вечерва во Басконија.

Предлог тип: 1 со хендикеп 7.5 (1.92)

 

- Оглас -

Најнови вести