Првото коло на Спортска прогноза сезонава не се пропушта, има предизвикувачки парови

Седмата сезона на Спортската прогноза е тука, а дел од прогнозерите веќе ги дадоа своите типови за 13-те пара кои се понудени во првото коло чии мечеви се играат викендов.

Главна цел е да се погодат сите 13 фиксови. Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Според досегашните проценти на оние играчи кои веќе типувале, има и мечеви со јасни фаворити и мечеви каде што поделеноста на прогнозерите е голема и нема големо мнозинство за кец, икс или двојка.

Терминот до којшто може да се прогнозира е сабота во 13.30 часот, кога почнува првиот меч од понудата, Брајтон – Манчестер јунајтед.

Секако, треба да се типува конечниот исход и на двата резервни пара, резервите се пресметуваат за генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести