Доменико Тедеско веќе не е тренер на германскиот тим Ред Бул Лајпциг, и тој е втората тренерска жртва на синоќешните резултати од првото коло во Лигата на шампионите, после Томас Тухел кој доби отказ во Челзи.
Можно е до крајот на денов да се случи и трето бркање на тренер после пораз во првото коло на ЛШ. Станува збор за Хулен Лопетеги, кој со Севилја има очаен старт на сезоната во Ла Лига, а и синоќа беше разбиен од Манчестер сити во ЛШ. Раководството на клубот има состанок на кој се разгледува опцијата Лопетеги да биде сменет, или да му се даде шанса викендов да го води тимот против Еспањол.