Првото летно засилување на Анчелоти ќе чини само 1.5 милиони евра

Екипата на Реал Мадрид веќе размислува за ростерот за следната сезона. Иако има голем број на шпекулации за нови фудбалери, скапи ѕвезди кои би ги засилиле „кралевите“, пред се во прв план тука е Килијан Мбапе, сепак, првото летно засилување за Реал ќе чини само 1.5 милиони евра.

Се работи за напаѓачот Хоселу, кој и во моментов е дел од екипата на Анчелоти, но како позајмен до крајот на сезоната од Еспањол. Во договорот на двете екипи стои клаузула дека Реал може да го откупи за само 1.5 милиони евра, и „кралскиот“ ќе го искористи ова, бидејќи Хоселу оваа сезона беше стрелец на 12 голови.

Тој беше доведен како замена на Карим Бензема, но на 31 натпревари забележа само 1424 минути, што го прави 14-ти фудбалер според одиграните минути во екипата на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести