Првото летно засилување на ПСЖ доаѓа од Манчестер

Андер Ерера од Манчестер јунајтед ќе биде првото летно засилување на ПСЖ, информираат англиските медиуми. На шпанскиот играч за врска му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ по крајот на оваа сезона, а наместо да ја обнови соработката, неговите претставници договорија преселба во француската метропола. ПСЖ нема да троши средства за овој ангажман бидејќи Ерера ќе пристигне како слободен играч.

Според информациите на англиските медиуми, Ерера се согласил на тригодишен договор со „светците“ со кој ќе заработува 170.000 евра неделно. Тухел за следната сезона добива искусен играч за врска, позиција за која германскиот стратег немаше многу решение.

Ерера знае како е да се игра на „Паркот на Принцовите“ и да се победува бидејќи со Јунајтед минатиот месец го елиминираше ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести