Првото појавување во јавноста по елиминацијата од СП предизвика шок, Роналдо тренира во тренинг-кампот на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо по елиминацијата на Португалија од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Катар, им се врати на тренинзите, но изненадувачки, тоа го стори во тренинг-кампот на Реал Мадрид.

Со појавувањето во тренинг-кампот во Валдебебас, предизвика хаос меѓу фановите на Реал Мадрид, но тренинзите не значат дека тој ќе се врати во Кралскиот клуб.
Очекувано, сите сакаа да се фотографираат со Роналдо, посебно играчите на младинскиот тим, но и останатиот персонал на клубот што беше присутен во тренинг-центарот.

Португалецот сè уште има куќа во Мадрид и според медиумите, очигледно е дека одлучил токму во тренинг-центарот на поранешниот тим да ја одржува формата додека не пронајде нов тим. Дури и весниците блиски до управата на Реал Мадрид, „Марка“ и „Ас“, демантираат дека Португалецот повторно ќе го облече Кралскиот дрес.

Кристијано Роналдо непостредно пред почетокот на СП го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а пред неколку дена самиот фудбалер демантира дека се договорил со тимот од Саудиска Арабија, Ал-Наср да потпише договор кој би му носел 200 милиони долари годишно.

Роналдо го носеше дресот на Реал Мадрид од 2009 до 2017 година и со Кралевите освои две титули во Ла Лига и дури четири во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести