Новиот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, ова лето посакува неколку нови засилувања на „Стемфорд бриџ“. Еден од играчите кој синоќа го скенираше беше Анел Ахмедхоџиќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, кој изминатата сезона играше за Шефилд.
Крис Вајлдер е свесен дека летово ќе го загуби Ахмедхоџиќ, а Шефилд за неговото заминување одреди цена од 20 милиони фунти.
Енцо Мареска синоќа го следеше во живо пријателскиот натпревар меѓу Англија и БиХ и посебно внимание посвети на играта на Ахмедхоџиќ. Можно е тој многу брзо да се пресели во редовите на Челзи.