Првото јануарско засилување на Њукасл ќе биде Трипиер

Атлетико Мадрид се согласил да го продаде десниот бек Киран Трипиер во Њукасл за обесштетување од околу 12 милиони фунти.

Англискиот репрезентативец во следните 48 часа треба да потпише за Чавките и да стане првото засилување за клубот кој доби многу богати сопственици од Саудиска Арабија и кои најавија дека Њукасл за две години треба да игра во Лигата на шампионите.

Новото раководство на клубот еден месец преговарало со Трипиер, кој е првото од најавените четири до пет принови во јануарскиот преоден рок. Со освежувањата во тимот, Њукасл би требало да избори опстанок во Премиер лигата, а за следната сезона имаат големи амбиции да се вмешаат во битка за излез на европска сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести