Првото засилување за Наполи ова лето доаѓа од Шпанија

Наполи е блиску до првото засилување по назначувањето на Антонио Конте за тренер на тимот. Наполитанците ќе се засилат со централниот дефанзивец Марио Хермосо, тврди „Газета дело спорт“.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец по истекот на договорот го напушта Атлетико Мадрид и ќе се пресели во Неапол. Хермосо ќе пристигне на стадионот „Диего Армандо Марадона“ како слободен агент.

Договорот на дефанзивецот ќе биде на 3+1 година. Неговата плата ќе биде 3 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Марио Хермосо играше во Атлетико Мадрид во последните пет години. Тој беше доведен за 25 милиони евра од Еспањол.

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести