Кубанецот Педро Пабло Ричардо ѝ го донесе првиот златен медал на Португалија на ОИ во Токио откако се покажа како најдобар во атлетската дисциплина троскок. Скокот од 17,98 метри остварен во третата серија е национален рекорд за Португалија, иако Ричардо памети подобар личен рекорд од 18,08 метри.
До сребрен медал изненадувачки скокна Кинезот Јаминг Жу, кој забележа резултат од 17,57 во петтата серија. Должината од 17,47 метри во првата серија на Фабрис Занг донесе бронзен медал за Буркина Фасо.
Во трката на 110 метри со пречки триумфираше Јамајканецот Хансл Парчмент, кој за златото истрча време од 13.04 секунди. За пет стотинки поспор беше Американецот Грант Холовеј, кој мораше да се задоволи со сребрен медал, а на подиумот се најде и вториот Јамајканец Роналд Леви.