Шампионот на Казахстан, Каират од Алмати, сензационално дојде до пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите за првпат во својата историја, а дека амбициите на клубот не застануваат тука, е фактот дека раководството планира изградба на нов модерен стадион.
Од видеопрезентацијата може да се забележи дека стадионот изгледа фантастично, ќе биде со капацитет за 35.000 гледачи, а ќе ги исполнува највисоките стандарди на УЕФА, односно ќе биде од четврта категорија, највисоката во рангирањето.