Првпат по 14 години, полуфиналето во ЛШ ќе биде без Меси и Кристијано

Лионел Меси и Кристијано Роналдо нè навикнаа редовно да ги гледаме во топ 4 фазата од Лигата на шампионите. Сепак, по вчерашниот дебакл на Барселона, како и претходно елиминацијата на Јувентус од Лион, значи дека за првпат од сезоната 2005/06, ниту Меси, а ниту Роналдо нема да се појават во полуфиналето.

Цели 14 години изминаа од полуфиналната фаза во која не учествуваа двете најголеми фудбалски ѕвезди. Во претходните сезони без исклучок или Меси или Роналдо се бореле за пласман во големото финале, а многу често еден од нив подоцна го кревал европскиот пехар.

- Оглас -

Најнови вести