Првпат по 16 години Милан врза две победи против Рома на „Сан Сиро“ (видео)

Милан славеше против Рома со 2-0 во дербито на 28-то коло во Серија А. Росонерите за првпат од 2004 година успеаја да врзат две победи на „Сан Сиро“ против Римската волчица, откако последната средба во Милано во 2018 година заврши со конечни 2-1 за домаќините.

По мирното прво полувреме Милан тотално ја презеде контролата, па така дојде и водечкиот гол на Ребиќ во 76-тата минута. Гостите од Рим во вторите 45 минути не упатија ниту еден удар кон Донарума, а нивната пасивност ги чинеше и втор гол во својата мрежа, откако Чалханоглу го постави конечниот резултат во 89-тата минута од пенал.

Милан со оваа победа се изедначи со Наполи на седмото место со 43 бода, екипата на Елиф Елмас има натпревар помалку, додека Рома остана на петто место со 48 бода.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1277284253894492160

- Оглас -

Најнови вести