Првпат се најде во составот на Милан на официјален меч, па си замина дома со трамвај (Фото)

Младиот голман Лапо Нава, за првпат беше повикан да биде на клупата на Милан на еден натпревар, тој синоќа беше резерва на дуелот со Рома, а 17-годишникот после средбата која Росонерите ја добија со 3-1, дома си замина со трамвај.

Нава сезонава брани за јуниорскиот тим на Милан, за играчи до 18 години. Има девет настапи, а на три, не прими гол. Ковид драмата го закачи и Милан, резервниот голман Татарушану е позитивен, па не беше во составот, и тренерот Пиоли го повика Нава, кој уште нема професионален договор.

Таткото на Нава, Стефано, играше за Милан во легендарното финалето на Лигата на шампионите во 1994 година кога Росонерите во Атина ја уништија Барселона со 4-0. Интересно е што Нава тогаш влезе во финишот на местото на Паоло Малдини, а синоќа кај резервите на Милан беше и синот на Малдини, Даниел.

- Оглас -

Најнови вести