Првпат во долгата историја на англискиот фудбал може да играат татко против син!

Ждрепката за третото коло во англискиот ФА куп одреди два натпревари кои ќе се следат со големо внимание. Арсенал ќе биде домаќин на бранителот на трофејот Манчестер јунајтед и тоа е најголемо дерби, а Евертон треба да игра со третолигашот Питерборо во меч на којшто може да се испише историја на англискиот фудбал.

Досега никогаш не се случило во кое било натпреварување во Англија еден против друг да заиграат татко и син. Тоа може да се случи на 11 јануари. За Евертон игра прославениот 39-годишен некогашен англиски репрезентативец Ешли Јанг, додека во Питерборо е неговиот син Тајлер, кој има 18 години и сезонава одигра еден меч.

Во далечната 1951 година, таткото и синот, Алекс и Дејвид Херд, играле заедно во тимот на Стокпорт, но како соиграчи. Никогаш немало татко и син да бидат на различни страни, па семејството Јанг може да влезе во историјата.

Ако нема некоја повреда, болест или непопуларна тренерска одлука некој од нив да не биде на терен, тогаш ќе се пишува нова страница во долгата и пребогата историја на земјата која ја нарекуваат колевка на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести