Фрозиноне го победи Емполи со 2-1 во вечерашниот интересен меч од италијанската Серија А, а двата гола на домашните беа прекрасни.
Головите ги дадоа фудбалери родени во Германија, Марвин Чуни и Аријон Ибрахимовиќ, а и за двајцата ова беа први нивни голови во Серија А.
Албанецот Чуни влезе во историјата на Серија А бидејќи стана првиот фудбалер кој во италијанската лига постигнал акробатски гол со „шкорпија“. Интересно е дека тој со „шкорпијата“ совлада свој сонародник, на голот на Емполи беше Албанецот Етрит Бериша.
⚽️58’ Marvin Cuni’nin güzel golü #FrosinoneEmpoli 1-0pic.twitter.com/xK8w90ebNS
— Frosinone TR (@FrosinoneTurk) November 6, 2023

 
                                    