Англија со гол од пенал го победи Хаити со 1-0 во осмиот натпревар на Светското првенство во фудбал во женска конкуренција, а на овој Мундијал веќе се испиша историја.
На сите осум досегашни мечеви, беше досуден пенал. Никогаш порано на СП за мажи или жени, немало ваква серија од осум средби по ред да се досудат пенали. Од осумте пенали, четири беа реализирани, а четири не.