Аргентинскиот тренер Мартин Анселми е нов тренер на Порто откако португалскиот клуб одлучи да се раздели со Витор Бруно. Триесет и деветгодишниот тренер со Порто потпиша договор до летото 2027 година, а негова задача ќе биде да ги подобри резултатите со оглед на тоа дека во моментов се на третата позиција на табелата, но лошо стојат и во Европа.
Тоа би значело дека првпат во историјата трите најголеми клуба во Португалија, Спортинг Лисабон, Бенфика и Порто, променија тренер во иста сезона.
Анселми претходно во својата кариера ги водел Ла Калера, Индепендиенте и Крус Азул.