Добрата одбрана која го красеше македонскиот национален тим во првите три кола од претквалификациите за Светското првенство во кошарка вечерва ја немаше против Словачка, избраниците на Драган Бајиќ во „Јане Сандански“ претрпеа пораз од 72-88, но, за среќа, и овој резултат беше доволен за машката селекција на Македонија првпат во својата историја да игра квалификации за СП.
Ова е прв пораз за Македонија од Словачка во кошарка. Клучна беше серијата од 19-0 во втората и третата четвртина.
Квартетот Николов, Мекиќ, Крстевски и Вајли беше тој што спречи историски срам и наша елиминација. Словаците опасно се заканија, имаа и плус 20, но македонската селекција со серија од 10-2 се извлече од непријатна положба. Победата на Словачка од 16 поени разлика ја однесе во квалификациите, а извиси Швајцарија.