34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Психологот на Кристијано Роналдо откри што го мачи Португалецот

Канадскиот психолог Џордан Питерсон, кој му дава стручна помош на Кристијано Роналдо, откри дека проблемот на португалскиот фудбалер е што уште не може да се помири со смртта на едно од близначињата кои ги роди неговата сопруга Георгина.

Роналдо сезонава не ги прикажува игрите кои се очекуваат од него, многумина сметаат дека главен проблем е што не ги мина физичките подготовки со Манчестер јунајтед, а капак е што има и депресија, предизвикана од тагата по загубеното бебе.

„Кристијано имаше некои лични проблеми пред неколку месеци, а еден пријател му испрати некои мои видеа. Роналдо ги видел, потоа прочитал една од моите книги, и тоа се покажа како корисно, сакаше да разговараме. Бев кај него дома и разговаравме два часа. Разговаравме на секакви теми“ – вели Питерсон.

Освен што не му оди во Јунајтед, Роналдо претрпе разочарување и во Лигата на нации каде неговата репрезентација не се пласираше на финалниот турнир.

- Оглас -

Најнови вести