20.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

ПСВ дома ќе „гази“, Борусија Дортмунд и Ковенти се фаворити на гости

1801 Аугсбург – Борусија Дортмунд (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се во сосема поинаква ситуација. Аугсбург само со седум бода од осум меча покажува дека ќе се бори за опстанок. Тоа е тимот кој досега ја има најслабата одбрана во лигата со 20 примени гола (2,5 примени гола по меч).

Од друга страна, Борусија секогаш е при врвот, а Милионерите ја имаат втората најдобра дефанзивна линија, веднаш зад лидерот Баерн Минхен.

Сепак, интересно е дека Аугсбург минатата сезона двапати го победуваше фаворитот, што е само уште еден мотив повеќе за Борусија сега да се реваншира.

Предлог тип: 2&3+ (2.19)

 

1301 Хетафе – Жирона (21 ч.)

Има интересна традиција кога играат овие две екипи. Од 2019 година досега имаат одиграно седум меча. Хетафе победил во 2019 година и почнува една низа која се движи победа на Жирона, победа на Хетафе, победа на Жирона, победа на Хетафе, победа на Жирона, победа на Хетафе… Ако продолжи оваа традиција, ред е Жирона да се радува.

Сепак, Хетафе е фаворит на свој терен, а ако се знае дека овие два тима најчесто играат со малку погодоци, можно е и еден потег да биде решавачки.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.85)

 

1655 Стандард Лиеж – Шарлроа (20:45 ч.)

По досегашните 12 кола, Стандард освои 14 бода, а Шарлроа има еден повеќе, што само покажува дека квалитетот на овие два тима е израмнет.

Традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни средби немало повеќе од два погодоци, а во последните 10 дуели на овие ривали билансот е израмнет (четири ремија и по три победи на двата тима).

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.90)

 

1011 Врексам – Ковентри (21 ч.)

Ковентри е екипата која е лидер во Чемпионшип и единствена без пораз (осум победи и четири ремија). Овој тим има фантастична гол-машинерија дури со 34 дадени голови. Колку за споредба, вториот најефикасен тим има постигнато 20 погодоци во оваа лига.

Врексам е без поголеми амбиции и успех ќе биде ако не испадне, па јасно е дека гостите се големи фаворити за победа на овој дуел.

Предлог тип: 2&2-5 (2.60)

 

1630 ПСВ – Фортуна Ситард (20 ч.)

Апсолутен фаворит е ПСВ, а тоа го потврдува и традицијата. Во 21 век овие два тима играле 20 пати. ПСВ има 17 победи, а само трипати било нерешено, додека Фортуна нема победа.

ПСВ сезонава во 10 меча даде 30 гола, што е просек од три погодоци на меч, па тешко ќе му биде на гостинот вечерва да ја одбрани својата мрежа.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.16)

 

- Оглас -

Најнови вести