ПСВ го освои првиот трофеј во Холандија, го совлада Феенорд во Супер купот (Видео)

Екипата на ПСВ Ајдховен го освои првиот трофеј во холандскиот фудбал оваа сезона, откако го победи Феенорд во Супер купот со минимални 1-0. Феенорд беше шампион минатата сезона, а ПСВ го освои Купот на Холандија, но заврши и на втората позиција во првенството.

Дуелот на двете најдобри екипи во холандскиот фудбал беше решен во 79-тата минута кога Ноа Ланг успеа да го пронајде патот до мрежата на Феенорд.

За ПСВ ова е 14-ти трофеј од ова натпреварување, а трети во серија.

- Оглас -

Најнови вести