ПСВ Ајндховен и официјално стана шампион на Холандија, откако директниот конкурент Феенорд одигра нерешено 0:0 на гостувањето кај Волендам.
Овој резултат ја направи предноста на лидерот на табелата недостижна. Само еден ден претходно, ПСВ дојде до драматична победа од 4:3 против Утрехт на домашен терен. Со активна предност од 17 поени на врвот во Ередивизија и на само пет кола до крајот на првенството, ПСВ веќе е недостижен за своите конкуренти.
Het feest in Eindhoven is losgebarsten! pic.twitter.com/ENeZux6Rwd
— ESPN NL (@ESPNnl) April 5, 2026
Веднаш по завршувањето на натпреварот во Волендам, илјадници навивачи на ПСВ излегоа по улиците на Ајндховен за да го прослават новиот голем успех. За клубот ова е трета последователна и вкупно 27-ма титула во историјата. Единствениот клуб со повеќе шампионски трофеи во земјата останува Ајакс, кој во својата витрина има 36 титули.
—- #HierInHetZuiden pic.twitter.com/tBeae2sEjx
— PSV (@PSV) April 5, 2026

