16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

ПСВ му врачи отказ на Ван Бомел

Управата на ПСВ Ајндховен одлучи да го отпушти тренерот Марк ван Бомел по серијата лоши резултати во изминатиов период. Холандскиот гигант влезе во кризен период од кој уште не може да закрепне, па затоа единственото решение беше да се направи смена во стручниот штаб.

Во последните 12 дуели во сите натпреварувања, ПСВ под водство на Ван Бомел запиша само две победи, додека поразот од Феенорд со 3-1 во последното коло беше капка која ја прелеа чашата. Тимот од „Филипс арената“ моментално заостанува 10 бода зад лидерите Ајакс и АЗ Алкмар во холандското првенство, додека во првата сезона на Ван Бомел беше вицешампион зад гигантот од Амстердам.

Ван Бомел инаку ја презеде работата во ПСВ од Филип Коку во јуни 2018 година, кога потпиша тригодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести