13.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

ПСЖ даде еврогол, но Мбапе не дозволи европскиот првак да победи (Видео)

Екипите на Лил и Пари Сен Жермен ремизираа 1:1 во меч од седмото коло на француското првенство. И со ова реми ПСЖ останува прв на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Олимпик Марсеј, Стразбур и Лион. Лил сега има 11 бодови и е на седмото место на табелата.

Во првото полувреме немаше голови, а ПСЖ прв се израдува во вториот дел. Беше досуден слободен удар од околу 30 метри за Светците. Нуњо Мендеш реши да го изведе овој прекин, а домашниот голман ја потцени ситуацијата и намести само двајца играчи во „живиот ѕид“. Мендеш шутираше неодбранливо и погоди за 1:0 за ПСЖ.

Лил не се предаде и тоа вроди со плод благодарение на голот на Етан Мбапе. Младиот 18-годишен брат на прославениот Килијан Мбапе во игра влезе во 81 минута, а само четири минути подоцна постигна гол за 1:1.

На овој погодок на Етан се израдува и неговиот брат Килијан кој беше на трибините на стадионот во Лил.

Lille [1]-1 PSG – Ethan Mbappe 85′
byu/The_Big_Untalented insoccer

- Оглас -

Најнови вести