ПСЖ, Баерн и Манчестер сити ја имаат апсолутната поддршка на прогнозерите, вклучете се и вие во трката за „ајфон 11“

Пари Сен Жермен е апсолутен фаворит за победа во француското дерби против Лил, барем според грото прогнози на учесниците што досега ја одиграа популарната Трианесетка во 30. коло на Спортска прогноза.

Дури 92 посто од прогнозерите типуваат на „кец“, што би значело дека ПСЖ ќе биде нов лидер во Лига 1 веќе денеска. Токму до почетокот на овој меч, до 17 часот можете да се вклучите со свои прогнози за 30. коло на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Главната награда за секое коло е мобилниот телефон „ајфон 11“, а се што треба е да сте член на огромната армија што имаат Sport Life картичка.

Се останато е рутина за да бидете потенцијален добитник на вредни награди. Ќе треба и малку магија и среќа за да се погодат сите 13 натпревари, но можете да ја искористите и помошта на прогнзоерите што досега веќе си ја завршија работата и влегоа во кругот на кандидати за „ајфонот“.

Според досегашните прогнози и Баерн треба да го победи Лајпциг во големото германско дерби, а и Манчестер сити е голем фаворит за триумф против Лестер.

И утките на Спортска прогноза не се толку страшни, а може да бидат дури и наградени. За едно промашување според правилата на играта ви следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека две утки се наградуваат со ваучер од 500 денари.

И битката за шампион во третата сезона на Спортска прогноза е исклучително драматична, а вече го имаме и првиот прогнозер што ја проби границата од вкупно 200 поени. Атанас Т. има точно 200 поени како лидер во Генерален пласман, а до Топ-50 разликата е само 15 поени.

Премијата за шампионот ќе биде ТВ Смарт од 48 инчи, за за останатите четворица што на крајот од сезоната ќе бидат зад него ќе има награди со многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести