ПСЖ бара 300 милиони за Нејмар!

Доколку некој сака да го ангажира Бразилецот Нејмар, ќе мора на Пари Сен Жермен да му плати 300 милиони евра, пишува францускиот весник „Ле Паризиен“. Од ПСЖ ја оставија отворена можноста да го продадат фудбалерот за кого платија 222 милиони, но од потенцијалните купувачи бараат неверојатни 300 милиони.

Барселона е најзаинтересирана за Нејмар, но Каталонците сигурно нема да платат ниту 200, а камоли 300 милиони за својот некогашен член, иако Лионел Меси не би имал ништо против ако покрај себе повторно го има Бразилецот. Каталонците биле подготвени да платат 100 и во Париз да ги испратат Усман Дембеле или Кутињо, а откако добиле негативен одговор, од Барса објавија дека немаат намера да го продадат Дембеле и со тоа можеби се затвора вратата за евентуално купување на Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести