Францускиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е желбата на ПСЖ за напаѓачката линија ова лето. Според шпекулациите од Франција, Килијан Мбапе, е човекот што го дал овој предлог, а раководството на клубот сериозно го разгледува.
Французинот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од само 25 милиони евра, па ПСЖ не би имал никакви проблеми да го ангажира.
Доколку се случи овој трансфер, Гризман првпат во својата кариера би играл надвор од Шпанија, бидејќи уште како младинец преистигна во Реал Сосиедад и никогаш не играше сениорски фудбал за француски клуб, што е редок случај во светот на фудбалот.