ПСЖ беше моќен, голманот Грбиќ со несфатливи грешки го дотепа Лил (Видео)

Пари Сен Жермен го доби дербито во Франција против шампионот Лил на убедлив начин со петарда во мрежата на слабиот голман Иво Грбиќ.

Светците победија со 5:1 на гостински терен, а сесрдно со два неверојатни кикса им помогна и хрватскиот репрезентативец на голот на шампионот.

Грбиќ, кој брани за Лил како позајмен голман од Атлетико Мадрид, бранеше очајно, а првата голема грешка ја направи во десеттата минута, кога несфатливо ја испушти топката од раце и му намести зицер на Данило за предност на ПСЖ од 0:1.

Големата грешка на голманот на Лил и погодокот на Данило можете да ги погледнете ОВДЕ.

Грбиќ повторно направи кардинален кикс во 32-рата минута, кога ја промаши топката во воздушен дуел, па Кимпембе лесно погоди, а ПСЖ повторно поведе на мечот, во тој момент со 2:1.

Вториот голем кикс на чуварот на мрежата на шампионот на Франција можете да го погледнете ОВДЕ.

Во продолжението на мечот одлични голови дадоа и Меси, повторно Данило и Мбапе за убедлив триумф на лидерот во Лига 1 со 5:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести