Екипата на ПСЖ е последниот полуфиналист од Купот на Франција откако со сигурни и убедливи 3-1 го совлада составот на Ница на домашен терен. Светците не оставија ништо на случајноста и уште од почетокот на мечот тргнаа офанзивно, што вроди со плод уште во 14-тата минута и погодокот на Килијан Мбапе.
Во 33-тата минута веќе беше 2-0 за домашните со голот на Руис, а само четири минути подоцна гостите внесоа неизвесност преку Лаборд.
Конечните 3-1 ги постави Бералдо во 60-тата минута.
Последна пречка до пласманот во полуфиналето од Купот ќе биде екипата на Рен.