ПСЖ без Мбапе ќе биде уште посилен? Во Париз се подготвува жешко лето

Екипата на ПСЖ остана без својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, но раководството на Светците подготвува уште посилна екипа за следната сезона. Од Париз се најавува дека ПСЖ тргнува во комплетна офанзива на трансфер-пазарот, а четворица фудбалери ќе бидат приоритет.

Се работи за Рафаел Леао од Милан, Хвича Кварацхелија од Наполи, Бернанрдо Силва од Манчестер сити и Виктор Осимен од Наполи. Доколку ПСЖ успее да ги договори сите четворица, тогаш Луис Енрике ќе има страшна екипа следната сезона, која ќе атакува на сите трофеи.

Најголем проблем ќе биде да се доведе Рафаел Леао од Милан бидејќи тој има откупна клаузула од 175 милиони евра. Бернардо Силва е прилично евтин за раководството на ПСЖ бидејќи за него ќе треба да платат 60 милиони евра. Вистински предизвик ќе биде да се преговара со ексцентричниот Аурелио де Лаурентис за трансферите на Кварацхелија и Осимен.

- Оглас -

Најнови вести