ПСЖ без Мбапе во осминафиналето на ЛШ против Баерн?!

Килијан Мбапе има повреда на мускулот на бутот на левата нога, која може да го спречи да игра на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Ѕвездата на ПСЖ се повреди синоќа на мечот со Монпелје, на кој утна два пенали.

Првиот дуел помеѓу Светците и Баварците се игра на 14 февруари, а настапот на Мбапе е неизвесен. Ваков тип повреди како неговата обично бараат мирување од две-три недели.

Можеби Мбапе треба да побара совет од Новак Ѓоковиќ како да закрепне побрзо бидејќи повредите се слични.

- Оглас -

Најнови вести