Отсуството на напаѓачите Мбапе и Меси, па и на дефанзивците Кимпембе, Хакими и Серхио Рамос, се покажува како преголем хендикеп за Пари Сен Жермен на гостувањето кај Монако.
Кнезовите ја користат ситуацијата и со два гола на Бен Једер и еден на Головин, водат со 3-1 против парижаните кои изгледа се фокусирани на дуелот со Баерн во ЛШ. Голот за ПСЖ го постигна Заир Емери.
Со пораз од Монако, предноста на Светците пред ривалот ќе биде седум бода.
Wissam Ben Yedder scores a brace in the first half! #ASMPSG
pic.twitter.com/B1iechDUBe— Reyi (@Reinaldodcg9) February 11, 2023