ПСЖ без напаѓачи ќе игра против Лајпциг!?

Килијан Мбапе е најновото име на листата на фудбалери кои нема да може да настапат на утрешниот меч против Лајпциг во третото коло од Лигата на шампионите. Според најавите, Мбапе, кој се жали на болки во мускулот на ногата, нема да биде подготвен за утрешниот предизвик во Германија.

Мбапе се повреди на дуелот против Нант, кога беше заменет во 74-тата минута, а според последните најави, францускиот репрезентативен голгетер нема да биде во составот за пресметката против Лајпциг бидејќи тренерот Томас Тухел нема да сака евентуална посериозна повреда на еден од предводниците во тимот.

Од претходно повредени се и напаѓачите Нејмар и Мауро Икарди, па едноставно Светците ќе играат без ниту еден од трите главни опции во нападот. Од претходно повредени се и Леандро Паредес, Жулиан Дракслер, Алесандро Флоренци, Марко Верати и Жуан Бернат, па тренерот Тухел дефинитивно ќе има проблеми околу составот на утрешното гостување кај Лајпциг.

 

- Оглас -

Најнови вести